Во прв ред

Промотивни билети за концертот на “Behemot”

Билетите за веќе закажаниот и најавен концерт на “Behemot” се наоѓаат веќе во продажба и истите можете да ги најдете на билетерницата на Младинскиот културен центар во Скопје по промотивна цена од 600 денари.

Оваа промо цена, како што не известуваат организаторите, ќе биде во важност до 31-ви декември оваа година, а веќе од 1-ви јануари цената за еден билет ќе чини 900 денари. Инаку концертот е промовиран од страна на Terrorvoid Promotions и истиот ќе се одржи на 19-ти април следната година во Младинскиот културен центар.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: