Прв детски ЗОО Маратон во Зоолошка градина Скопје

По повод 9-ти мај Денот на Европа во Скопје ЗОО за првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија, како и Град Скопје.

Во ботаничката градина ќе се одржат четири трки – две на 150 метри (машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри (машка и женска категорија, 5-6 години). За сите дечиња се обезбедни подароци , а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.

Пријајвувањето е веќе започнато од четврток 25-ти април. Податоците за учесникот – име и презиме и датум на раѓање се испраќаат на мејлот: zoolskaskopje@gmail.com до 5-ти мај, а бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.

Повеќе на Музика24...