Прв голем концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири

Голем концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите во Македонска Филхармонија на 20-ти април со почеток во 20:30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите песни од албумот “Добро утро госпоѓо”.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија.

Бени и Златко својата заедничка приказна ја започнаа со “Си беше еднаш” и “Генерале”, која стана дел од музиката за претставата “Солун град на духови” на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со “Галена”, “Анице” и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20-ти април.

Бени и Златко не најавуваат спектакал туку најавуваат вечер во која сите ќе уживаат. Картите се веќе во продажба во Југотон и преку продажната мрежа на kupikartizase.

Повеќе на Музика24...