Се очекува мега спектакуларниот концерт на Светлана Цеца Ражњатовиќ да биде едно од најпосетуваните летни музички концерти во оваа 2015-та година. Поради големиот интерес за пет часовниот концерт на Цеца, на кој што ќе настапат и познати бугарски пејачки (Преслава, Галена, Анелија), организаторите на само 10 дена до концертот во продажба пуштија дополнителни 3.000 илјади билети за сите можни категории.
Особено е интересна информацијата за сите фанови на Цеца кои сакаат да набават билети за трибините. Тие се веќе распродадени, но дополнително ќе бидат пуштени околу 1.000 илјада нови билети.
Да ве потсетиме, концертот на Цеца кој што е најавен за 21-ви август ќе започне во 19 часот со настап на познати бугарски пејачки од Пајнер продукција, меѓу кои ќе ја споменеме една од напознатите во Бугарија Преслава која зад себе има мноштво на хитови, кои рака на срце и кај нас се доста слушани. Концертот ќе се оддржи на Градскиот стадион во преубавото туристичкото место близу Сончев Брег, Несебар.
Сите вие кои што сте на летување или пак ќе бидете дел од туристичкото место Несебар или пак Сончев Брег, а секако сте фан на српската фолк дива, ви препорачуваме билети да набавите уште денес, бидејќи поради голема заинтересираност можно е истите и да ги нема. Истите се по цена од 30 до 50 лева или 15 до 25 евра.
Меѓу многубројните бугарски медиуми, Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е единствен македонски медиум кој е медиумски покровител на овој голем концерт, а истовремено екипа на нашиот музички портал ќе престојува неколку дена во Несебар од каде ќе известува за концертот и се што е поврзано со него.
Подготви: Александра Блажевска