Во прв ред

„Рамштајн“ викендов во Белград

Рамштајн пристигнува во Белград со невидена пиротехника. Организацијата на концертот веќе објави што ја очекува публиката. Речиси 600 различни пиротехнички ефекти на концертот, за чие изведување се потребни околу илјада литри бензин и околу 60 килограми ликоподиум, објавија српските медиуми. Највисоките пламени се движат и до 20 метри во височина, а нивната температура достигнува 600 степени.

Ваков спектакл Белград го очекува во петок и сабота на 24-ти и 25-ти мај.

Рамштајн во Србија пристигнува со 77 камиони опрема, а за концертот ќе бидат ангажирани околу илјада луѓе, локални професионалци. Концертниот простор ќе се простира на 240.000 квадратни метри, а изградбата на мини-градот е во тек. Она што особено привлекува внимание се импресивните бројки, кои говорат во прилог на грандиозноста на овој спектакл.

Само бината која се поставува веќе шест дена ќе биде долга 60 метри и висока 36 метри! На 18 инженери за звук и светлина, заедно со технички дизајнери, им беа потребни 7 месеци да ја осмислат сцената на која ќе настапат популарните Германци, до последен детал.

Но, приказната не застанува тука. Белград ќе доживее речиси тектонски движења, бидејќи јачината на звукот ќе достигне незамисливи 2.040.000 вати!

Можеби ќе ве интересира: