Распишан отворен јавен повик за учество на 15-то издание на “Бела ноќ”

Оваа година по 15-ти јубилејен пат, во организација на Град Скопје и ЈУ Универзална сала – Скопје, се одржува културната манифестација “Бела ноќ”. За таа цел, распишан е отворен јавен повик, на кој заинтересираните уметници до 6-ти септември ќе може да се пријавуваат и со тоа да бидат дел од годинешната “Бела ноќ”.

Визуелните уметности, применетите уметности, музиката, филмот, јавната уметност, како и урбаните изведби и перформанси се областите што ќе бидат опфатени и кои скопјани ќе може да ги видат на “Белата ноќ” в сабота, 5-ти октомври.

Заинтересираните уметници апликацијата ќе може да ја симнат од веб-страницата: http://belanok.mk, а пополнета ќе може да ја достават на адресата на ЈУ Универзална сала, булевар Партизански одреди бр. 45, 1000 Скопје, со назнака “За ‘Бела ноќ’” или по електронски пат на info@univerzalna.com.mk.

По завршувањето на повикот, учесниците ќе бидат оценети врз основ на квалитетот на делото, иновацијата, како и карактерот во опсег на предложениот концепт, а конечната селекција ќе биде извршена од страна на организаторот.

Повеќе на Музика24...