Распродадени двата концерти на Петар Грашо во Скопје, закажан уште еден

Авалон продукција соопштува дека дватa концерта на хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо во Македонска филхармонија се распродадени. Поради распродавањето на првите два концерта на 13-ти и 14-ти декември без апсолутно никаква реклама и поради тоа што притисокот за влезници е се поголем, Авалон продукција закажува трет и последен концерт. Концертот ќе се одржи на 15-ти декември во Македонската филхармонија.

“Шанса за четврт концерт нема да има, па затоа Ве молиме сите да побрзате со набавување на влезниците кои ќе бидат пуштени во продажба утре наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon ticket shop во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk”, додаваат од Авалон продукција.

Повеќе на Музика24...