Во прв ред

Распродадени ВИП билетите за концертот на Дино Мерлин

На 28-ми март во спортската арена “Борис Трајковски”, како што веќе ве информиравме, ќе се одржи долго очекуваниот концерт на мега популарниот Дино Мерлин. На само двесетина дена од одржувањето, најубавот простор од каде што најдобро и најубаво може да се погледне концертот или популарно ВИП делот е веќе распродаден.

Од македонскиот тим на Дино Мерлин не известуваат дека се презадоволни од тоа како се одвива продажбата на билетите и интересно е тоа што тие воошто не успеале да ги пуштат ВИП билетите во регуларна продажба, бидејќи за истите имало преголема заинтересираност. Како што потенцираат, останатите обични билети, односно партер – стоење кое што чини 900 денари и трибина седење 1200 денари, во продажба има уште одреден број. Во стандардните места на продажба, секојдневно има редици фанови кои што навреме доаѓаат по својот билет.

На прес конференцијата која што се случи во Скопје во трговскиот центар Рамстор минатиот месец, Дино Мерлин рече дека е пресреќен затоа што македонската публика не се презаситила од него и неговиоте песни, па новиот албум “Хотел Национал” со задоволство го носи и во Борис Трајковски. За тоа колку е екслузивен овој скопски концерт, говори и фактот што е последен во оваа балканска турнеја и како што вели Дино, генерална проба пред да го наполни и неговото Кошево.

Напоменуваме! Доколку и вие сакате да бидете меѓу оние илјадници привилегирани фанови кои заедно со Дино Мерлин ќе ги пеат неговите најголеми хитови, не ви останува уште многу време. Побрзајте по вашата влезница во следните продажни места: Југотон ГТЦ, Камарад – Рамстор, Камарад – Розе Веро 2, во сите салони на мобилниот оператор ONE низ цела Македонија и продажната мрежа на мктикетс. Почетокот на концертот е закажан за 21 часот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: