Во прв ред

Retro Cabaret во MCM со клубски концерт (Фото)

МСМ Ве поканува Вас и Вашите родители на целочасовно вечерно шоу со најголемите хитови на: Мики Јовановски – Џафер, Зафир Хаџи Манов, Маријана и Росана, Љупка Димитровска, Славе Димитров, Драган Михајловски, Маргарита Христова… и многу други.

За потсетување, Retro Cabaret е бавен превоз преку македонската поп/рок музичка историја “извозен” во punkrock / hip hop / reggae / skacore / jazzcore / funkcore / blues / tropical / ultra brutal death metal варијанта. Оформени летото 2007 година, зад себе го имаат EP-то “Скопје” (јули, 2008 година) и голема листа на незаборавни шлагер – искуства.Retro Cabaret со клупски концерт во МСМ

Retro Cabaret се:

– Исус од Нерези (флејта во Cannibal Corpse) вокални линии, гитара

– Brian May Morello (поранешен сајзерист во Abba) ги свири твоите омилени солажи

– Ubatz Манџа (перкусионистот на Pantera) бас и бенгање

– Кили Пупица (триангл во Nickelback) тапанар

Сабота, 16-ти 2013 – MCM. Уште една целочасовна клупска шлагер-вожња со RETRO CABARET. Влезници по цена од 150 ден. во MCM. Почеток: 21:30. Информациии и резервации на телефон: 075 282 553

Можеби ќе ве интересира: