Во прв ред

Ристе Ристески специјален гостин на концертот на Марија Шерифовиќ во Скопје

Минатогодишниот победник на “Ѕвездите на Гранд” според гласовите на публиката, Ристе Ристески ќе биде специјален гостин на големиот солистички концерт на Марија Шерифовиќ на 17-ти март односно оваа сабота, кој што ќе се оддржи во Вип арената “Борис Трајковски”. Имено, единствената српска победничка на најголемиот музички настан – Евровизија, одлучи да ги израдува сите свои фанови од Македонија и да го покани Ристе Ристески како специјален гостин на својот концерт.

Иако сите членови на жирито на “Ѕвездите на Гранд” едногласно му ја даваа својата поддршка на нашиот Ристе Ристески, сепак, најгласни беа Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ кои во сите свои изјави за медиумите не штедеа на пофалби за него. Ристески на големата сцена во Скопје ќе ја отпее својата прва студиска песна “Добро јутро, тајно” за која сними и видеозапис, но и бројни македонски хитови.

До потрошување на количините, билетите може да се најдат на сите продажни места на Купи Карти За Се, Пола Југотон, Југотон, цвеќањара “Розе” – Веро2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: