Во прв ред

Роденденска журка заедно со “Стисни Play” (Фото)

Она што значи забава со македонските изведувачи кои постојано беа дел од топ листата на најгледаната емисија “Стисни Play” е мал доказ за нивната успешност и мисија за задржување на македонската музика која за жал не е многу застапена на македонските медиуми. Но главни за целиот проект зад кој стојат и како водители нормално се Марко Марк и Александра Јовановска кои неуморно ни ги презентираат сите новости од македонската музичка естрада, а заедно со своите најблиски соработници и пријатели вчера го прославија нивниот 3 роденден во локалот Midnight.

“Од името на целиот тим, ви благодариме што сте вечерва со нас да го прославиме нашиот трет роденден. Па здравје в година да прославиме со уште поголема торта”, возбудено им се обрати на гостите водителот Марко Марк.
ST 1Се разбира, на самата роденденска забава присуствуваа голем број јавни личности кои имаат свој придонес во зачувување на квалитетот на македонската музика меѓу кои Александар Тарабунов, Александра Михова, Даниел Дан, Роберт Билбилов, Гаро Тавитјан и други. Марко и Александра продолжуваат со истото темпо и голем број новитети со кои наскоро ќе имаат можност да се запознаат гледачите на овој “бренд” на Македонската телевизија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: