Во прв ред

Рок групата Дивље Јагоде утре во Скопје го промовираат “Биодинамичка љубав”

По промоциите во Белград, Сараево, Љубљана и Загреб, конечно промоција и во Скопје на новиот албум на “Биодинамичка љубав” на познатата легендарна рок група Дивље Јагоде. Промоцијата ќе се одржи утре 30-ти октомври во Скопје Сити Мол со почеток во 20.30 во Бистро Бугати. На промоцијата ќе бидат изведени неколку нумери во unplugged верзија, а како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, гости на промоцијата ќе бидат познатите македонски музички имиња Викторија Лоба, Дамјан Пејчиновски и Влатко Иливески кои ќе испеат неколку песни од нив и истовремно имат заеднички настап со Дивље Јагоде.

За време на промоцијата, по повод 35 години од кариерата Дивље Јагоде ќе го претстават и единственото ДВД издание на кое што се наоѓа целокупниот опус на легендарната рок група, вклучувајќи го и новиот 12-ти по ред албум  “Биодинамичка љубав”, а истото издание се состои од 145 песни од вкупно 12 албуми, 5 сингл плочи како и 8 видео спотови.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: