Во прв ред

Сакате да бидете дел од музички настани, промоции, концерти, фестивали?!

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 кој што годинава прославува 5 (пет) години од своето постоење распишува конкурс за млади, амбициозни и откачени момци и девојки кои би сакале да бидат дел од тимот на Музика24.мк. Сакате да бидете дел од големите музички настани, концерти, промоции, фестивали… или пак да направите интервју со Вашата омилена македонска, балканска или пак можеби светска музичка ѕвезда, тогаш Вие сте потенцијални новинари или репортери за нашиот музички портал.

Досега Музика24 има покриено мноштво на музички настани меѓу кои: “Пивофест”, “Струмица опен фест”, “Макфест”, “Охридски трубадури – Охрид фест”, “Џои фест”… како и голем број на концерти на познати македонски, балкански и светски музички имиња.

Доколу сакате да бидете дел од нашиот тим, единствено што треба да направите е да испратите e-mail на: [email protected] со Вашите податоци и CV, а ние, по краток временски период ќе Ве контактираме и известиме за нашата одлука.

Со почит,

Редакција на Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: