Во прв ред

Само македонски изведувачи ќе настапат на „Струмица Опен Фестивал 2022“ (Фото)

Oва лето по 11-ти пат ќе се одржи препознатливaта манифестација „Струмица Опен Фестивал“. Фестивалските денови ќе започнат на 25-ти јули, а ќе завршат на 19-ти август, ќе се одржат вкупно 20 настани, некои традиционални, препознатливи за фестивалот, а ќе има и нови содржини, согласно новите интереси и потреби на струмичани. За разлика од минатите години, на ова фестивалско издание сите изведувачи ќе бидат од земјава.

Програмата е поделена во три области. Првата недела е посветена на култура и забава, втората недела на спорт и рекреација, а третата на музичкиот дел.


Третата фестивалска недела која е во знакот на концертите започнува со завршен концерт на летната школа за гитара кој ќе биде посветена на Тоше Проески, а продолжува со концерт на „Air Strings“ и Камерниот оркестар на Битола со Александра Јанева, Наде Талевска, Ѓоко Таневски и Ристо Самарџиев кои ќе одржат концерт „Најдобрите македонски хитови“. Третиот ден од музичката програма е резервиран за „YU for You“ и Игор Џамбазов.

На 18-ти август е настанот „Ај да беше стрела песната“ кој посветен на Гоце Арнаудов, а на кој ќе настапуваат пејачи од Струмица и цела Македонија. Финалето на манифестација ќе биде на 19-ти август со концерт на Коста Хаџикојчев и Влатко Лозаноски.

“Сите настани се убави и значајни, но нема да бидам Костадин Костадинов ако не истакнам еден што посебно ми лежи на срце, станува збор за најголемата македонска и струмичка музичка легенда, Гоце Арнаудов. За прв пат во државата организираме настан целосно посветен на оваа наша музичка легенда и затоа ги повикувам струмичани, но и граѓаните на цела држава да дојдат да ги следат сите 20 настани и заеднички да го уживаме ова 11-то издание на Струмица Опен Фест”, изјави градоначалникот костадинов.

Можеби ќе ве интересира: