Во прв ред

Само на Музика24, од 1 декември до 31 декември – новогодишни интервјуа со познатите јавни личности од Македонија и Балканот

Почитувани читатели на музичкиот портал Музика24.мк, денес е 1 декември денот кога пред 12 години стартуваше Вашиот единствен специјализиран и омилен музички портал во Македонија, а веруваме и пошироко, Музика24.мк.

По тој повод, нашата редакција изминатиот период неуморно работеше, и од денес 1 декември па се до крајот на оваа година 31 декември 2023 година, на нашиот музички портал ќе стартува новогодишниот серијал на традиционалните новогодишни интервјуа што ние речиси секоја година го подготвуваме само за Вас со познати македонски, но и балкански јавни личности, музички имиња, спортисти, актери…

Денес по повод нашиот роденден ќе бидат постирани три новогодишни интервјуа, првото во 12 часот, второто во 16 часот и третото во 20 часот. Истото тоа ќе се повтори за време на најубавиот и најлудиот ден во годината, најлудата ноќ кога на 31 декември повторно ќе постираме три новогодишни интервјуа, три нови и познати јавни лица од Македонија или Балканот.

И не заборавајте! Секој ден на Музика24.мк во 12 часот, точно на пладне… Новогодишен серијал на новогодишни забавни и интересни интервјуа со познатите македонски јавни личности.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: