Како што веќе Ве информиравме предходно, започна летната турнеја и празникот на девојките Саша Ковачевиќ во Македонија. Саша првиот концерт го одржа во Битола пред битолската публика во која имаше и доста девојки и од другите градови. Тој ги поздрави сите присутни и им се заблагодари што присуствуаат на неговиот концерт. Ковачевиќ беше премногу среќен и благодарен за тоа како го пречекаа битолчани.
Концертот започна со предгрупата “Инструментал Бенд” заедно со Бојан Стојков, но публика нестрпливо го очекуваше настапот на Ковачевиќ, а кога се појави тој, претпоставувате… сите почнаа да врескаат од радост што конечно го гледаат и можат да ги слушнат неговите најголеми хитови. Концертот започна со препознатливата и одличната “Где смо моја љубави”, а веднаш потоа концертот Ковачевиќ го продолжи со “Једина си вредела”, мега хитот “Случајно”, а испеја и неколку песни од нашиот единствен Тоше Проески.
Сите песни ги пееше во еден глас со публиката, а за време на мега хитот, баладата “Живим да те волим” имаше солзи радосници од помладата публика, кои всушност се дел од сонцињата на нашиот Даниел Кајмакоски. На концертот освен поновите познати песни, Саша Ковачевиќ отпеа и дел од своите постари песни “Мила”, “Рука за спас”…
Ова е сдамо почеток, следниот концерт на Саша Ковачевиќ, како дел од македонската летна турнеја ќе се одржи на 1-ви јули во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци, од каде исто така ќе Ве известиме за пред и по концертот на мега популарниот Ковачевиќ.
За Музика24 од Битола: Маринела Каранфиловска
Фото: Музика24