Во прв ред

Изнендување за девојките: Саша Ковачевиќ со концертна турнеја низ Македонија

По минатогодишното гостување на далеку познатиот “Пивофест” во Прилеп и спектакуларниот концерт кој што го одржа во “ВИП Арената” кон средината на месец март, познатиот милник на женската популација Саша Ковачевиќ најавува голема музичка турнеја низ градовите во Македонија. На 24-ти јуни голем концерт ќе одржи во Битола, на ракометното игралише, а веќе на 1-ви јули спортската сала “Јасмин” ќе биде домаќин  на сите негови фанови каде што заедно со Коавачевиќ ќе се пејат наголемите негови хитови.

Sasa Kovacevic

Еден ден подоцна, Саша ќе настапи во Струмица во спортската сала “Парк” за каде се најавуваат големи изненадувања за присутната публика, а големата летна концертна турнеја низ Македонија, овој познат балкански пејач ќе ја заокружи во Охрид на 31-ви јули за каде се најавува голем концерт во салата “Билјанини извори”, каде публиката покрај новите песни кои што тој долго време ги најавува, ќе може да слушне и голем број македонски евергрини во интерпретација на Саша Ковачевиќ.

Организаторите Ве потсетуваат дека сите концерти започнуваат во 21 часот, а билетите во ограничена количина ќе можат да се набават од среда (8-ми јуни) по промотивна цена на сите стандардни продажни места. Во продолжение преслушајте го неговиот последен хит…

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: