Во прв ред

Сашо Тасевски шоу во Кино Милениум

Градското Кино Милениум за крајот на оваа година Ве покануваат на новото, реформирано и абдејтувано Стенд Ап шоу со познатиот македонски актер – Сашо Тасевски. Ова шоу ќе биде досега невидена урнебесна комедија со комплетна вистина.

Како што велат организаторите, за првите 100 купени билети следува подарок – романот „Угурсуз“ од актерот и стенд ап комичарот Сашо Тасевски.

Билетите се веќе во продажба на билетарата на Градското Кино Милениум, а истите можете да ги набавите и преку нивниот сајт: kinomilenium.mk, каде што можете on-line да ги купите по цена од само 300 денари. И не заборавајте! Доколку сакате одлично помината вечер со многу смеа и позитивно расположение, 6-ти декември е денот со почеток во 20ч и 30 мин.

За резервации контактирајте го телефонскиот број: 071/271-296 после 16 часот, или истото можете да го направите преку e-mail: [email protected].

Се гледаме во Милениум на стенд ап кај Сашо Тасевски!

Можеби ќе ве интересира: