Во прв ред

Жељко Самарџиќ: Се гледаме во Скопје да го прославиме денот на љубовта

Иако медиумите во регионот пишуваа за наводната лоша здрастевена состојба на српскиот пејач Жељко Самарџиќ, по се изгледа вистина е само дека на 13-ти фебруари 2016-та година по повод денот на љубовта и виното, скопјани ќе имаат уште една можност да уживаат во песните на овој инзвонреден интерпретатор.

“Подгответете се за одлична забава, но и заедно да го прославиме денот на љубовта и виното. Се гледаме за многу скоро мои драги луѓе”, порачува Самарџиќ.

“Зауставите јануар”, “Грлица”, “Зато крадем”, “Сипајте ми још један виски”… се само мал дел од огромниот репертоар на српската поп-ѕвезда која во Скопје доаѓа по неговиот голем концерт пред две години.

Организаторите наскоро најавуваат повеќе детали.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: