Во прв ред

Во Детроит се одржа хуманитарен концерт за помош на поплавените (Фото)

На 27-ми февруари во просториите на Македонскиот Културен центар во Sterling Heights (Detroit) Michigan, се одржа хуманитарен концерт за помош на поплавените подрачја во Македонија. На иницијатива на нашиот сонародник и естраден уметник, г-дин Ристе Тевдоски како и во координација на г-дин Војче Симовски и во заедничка соработка со Македонската Православна црква Раѓање на Пресвета Богородица од Sterling Heights, Michigan, се приреди хуманитарниот концерт.

Во организирањето на оваа акција, несебично учество земаа повеќе музички групи од нашава иселеничка метропола, од кои: Културно уметничко друштво “Танец” од Detroit, Група Мекам (Босна), солистички настап на Ристе Тевдовски, група “Чочек” од Detroit, дувачкиот оркестар “Rita Music”, Мило Дестановски, групата “Stars Bend” од Детроид и DJ Tony Tone.

Humanitaren koncert - Muzika24Неизмерна благодарност до сите учесници, но и до сите оние кои со своето присуство допринесоа да оваа акција биде успешна и запаметена. Паричните средства кои што беа собрани, изнесуваат над 20.500 долари и ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот крст на Република Македонија, каде што понатака ќе бидат распоредени до загрозените продрачја. Уште еднаш се покажа на дело несебичноста и желбата да се помогна на својата татковина од страна на иселениците, во моменти кога навистина беше потребна голема помош.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: