Во прв ред

Се оддржа првиот “Преспафест”

Во Ресен седум дена, започнувајќи од 11-ти до 18-ти јули се одржуваше првиот “Преспафест”. “Преспафест” е манифестација на македонската музика и пиво. Настапија КУД “Плетенка” од Битола, потоа Ламбе Алабаковски и Градус, Канго, Маријана Пешиќ, Ангел Тотов и “Распеани кавадарчани”, Екстраваганза бенд, Диџеј Шема, The Bulbs, Иги Ман, Дј Бобан – Бабура, Парусион џез трио (Дамир Имери, Дарко Мучо, Михаил Парушев), Фолтин… и многу други познати македонски музички имиња.

Имаше и уметнички изложби и Преспански олимписки игри, во следниве дисциплини:

  1. Сундуклија – Трчање со сандак – гајба во рацете
  2. Врештотрк ( Трка со вреќа јаболка на грб)
  3. Подскокниси ( трка – скокање во вреќа за јаболка)
  4. Важетегнало ( соперничка рамнотежа – тегнење на јаже)
  5. Дискусиада – Трка на Најбрз келнер во Преспа со ајнцер – дискус полн пијалоци
  6. Кригломан – најбрзо пиење на кригла пиво
  7. Сундукчук ( највисоко и најбрзо поставување на гајби – сандаци со јаболко во висина).

“Преспафест” имаше и хуманитарна задача, се собираа финансиски сретства за пејачот Кенан Таировски од Царев двор. Директор на фестивалот е Борче Балаловски од Ресен, а “Преспафест” беше помогнат и од градоначалникот М-р Ѓоко Стрезовски.

Подготви: Валентина Ѓеоргиевска-Парго

Можеби ќе ве интересира: