Се одложува и концертот на “In Flames” во МКЦ

Поради моменталната ситуација во врска со COVID-19, Пасворд продукција соопштува дека концертот на In Flames” на 15-ти мај кој беше дел од нивната претстојната турнеја во Европа и Велика Британија се одложува.

“Работиме напорно да најдеме нов датум за концертот, а повеќе информации ќе имаме набрзо. Вашиот билет ќе важи за новиот датум, затоа ве молиме чувајте го и бидете трпеливи”, велат организаторите.

По нивното основање во 1990, “In Flames” стануваат едни од највлијателните и најпознати шведски метал бендови. Во раните 2000-ти запливуваат во алтернативните води на металот со што драстично се зголемува продажбата на нивните албуми, а по 2008-ма веќе имаат продадено повеќе од два милиони копии. Добитници се на шведските Grammis награди за најдобар хард рок/метал албум за “Soundtrack to your Escape” и “Come Clarity”.

Повеќе на Музика24...