Се организира кампања за донации за деца Роми да можат да посетуваат бесплатно музичко образование

Roma Rock School (RRS) Скопје, организира кампања за донации за деца Роми да можат да посетуваат бесплатно музичко образование. Акцијата трае 18 дена (05-23 Април 2021) во кои треба да се соберат 5000 долари од најмалку 40 донатори.

Музички талентираните деца и млади Роми немаат пристап до музички инструменти и музичко образование поради живот во сиромаштија и социјално исклучување. Ромското рок училиште (РРС) работи со ученици Роми од најголемата ромска населба во Европа, Шуто Оризари, користејќи уникатна програма, комбинирајќи ја рок музиката со традиционалната ромска музика. Децата Роми имаат најниска стапка на посетување на училиште и највисоко ниво на напуштање во Македонија, со оглед на длабоката сиромаштија на нивните семејства. Пристапот до приватните музички училишта и образованието е уште потежок со оглед на високата цена за уметничко образование и набавка на музички инструменти. За жал, 3-годишниот проект на РРС за поддршка на ромските деца заврши. Со донациите ќе се обезбеди најмалку 30 талентирани, но сиромашни ромски деца да го продолжат своето музичко образование.

Од 70 ученици запишани во последните 3 години, околу 30 се уште се активни во рамките на програмата на РРС. Повеќето од нив потекнуваат од сиромашни семејства. И покрај огромниот музички талент, нивните родители не можат да си дозволат да купат инструмент. Да не можат да посетуваат музичко училиште и да немаат инструмент доведува до откажување од нивниот сон да бидат професионален музичар.

Овој проект ќе ги инспирира и мотивира следните генерации да работат во реализацијата на нивната музичка кариера и сегашните ученици да станат музички инструктори во Ромското училиште и во друго музичко училиште. Можете да донирате на платформата globalgiving.org.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com