По повод добивањето на акредитацијата од Joint Commission International што практично значи прва болница во Република Македонија со ваков вид на акредитација, вчера вечер во скопскиот познат ноќен клуб “Привилиџ” сопственикот Орце Камчев подготви спектакуларна и незаборавна забава за своите вработени и блиски пријатели и соработници.
За забавата да биде на она ниво на кое што и доликува, на сцената се појави познатата балканска поп ѕвезда Северина која што ги отпеа сите свои хитови, а меѓудругото на сцената свои песни исполни и хрватскиот поп пејач Петар Грашо, миленик на дел од женската публика во Македонија.
Како што неофицијално дознава Музика24, сумата која што ја побарала Северина за вчерашната забава изнесувала 30.000 илјади евра, а освен Северина и Грашо, на сцената се појавил и сопственикот Камчев кој заедно со своите вработени отпел песна-две.
Подготви: Александра Блажевска