Во прв ред

Северина со голем концерт во Скопје на 30-ти март, следната година

Една од најпопуларните хрватски и регионални музички ѕвезди, а според многумина и неприкосновена модна икона – Северина, доаѓа повторно во Скопје и тоа со многу добра причина, а тоа е големиот концерт кој е закажан на 30-ти март, следната година.

Таа е најголемата регионална ѕвезда, кралица на сцената која со нејзините настапи веќе долги години ги поместува границите и ги диктира трендовите. Секој нејзин чекор бурно се следи, а изминатиот период е во центарот на вниманието, откако на публиката и го претстави својот нов албум под наслов „Sorry”.

Ова всушност е првиот дел од албумот, наречен “Страна А”, а вториот дел од албумот, односно “Страна Б”, ќе биде објавен оваа есен/зима, каде што ќе започне и нејзината турнеја. Oва е нејзина петта регионална турнеја во кариерата, што ја прави една од ретките која може да се пофали со таков успех.

„Ништо не е случајно и сѐ се случува тогаш кога треба. Хрватската пејачка активно го подготвува својот голем концерт кој ќе биде во Арена „Борис Трајковски” на 30-ти март, 2024-та. Во тек се и подготовките на сценскиот настап, а за истото се ангажирани голем број на луѓе. Публиката ќе биде пријатно изненадена затоа што такво шоу досега никој нема видено”, велат организаторите.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 30-ти октомври 2023 и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Можеби ќе ве интересира: