Во прв ред

Симон Трпчески со македонска премиера на оркестарска верзија на „Македонисимо”

По исклучително успешната светска оркестарска премиера на проектот „Македонисимо” минатата година во, веројатно најпрестижната концертна сала во светот, Музикферајн (Musikverein) во Виена, заедно со Тонкунстлер оркестарот од Австрија под диригентската палка на нивниот шеф-диригент Маестро Јутака Садо, нашиот Камерен оркестар „АЈГА” во соработка со КултурОп Ви ја претставуваат македонската, а воедно и балканска премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо”.

Оркестарската верзија на „Македонисимо” базира врз транскрипции на македонска традиционална музика од нашиот композитор Панде Шахов, во соработка со Симон Трпчески.

Концертот ќе се одржи на 1 април 2024 година со почеток од 20 часот на големата сцена на Македонската филхармонија. Билетите веќе се во продажба на платформата МКтикетс.

Можеби ќе ве интересира: