Дали сте подготвени за најдобрите музички настани ова лето? Се што треба да се направи е да се приложи фискална сметка за остварен шопинг во некој од локалите во Скопје Сити Мол со вредност над 3.000 денари и да се дополни реченицата: “Сакам да одам затоа што______ !”. На тој начин се станува еден од потенцијалните добитници на 2 билети за некој од престојните настани: Sea Dance Festival, D Festival, Green Beach, Stefan Milkenkovic & Tango Compas .
Извлекувањата ќе бидат јавни, од кутијата ќе се извлекуваат по 5 добитници и ќе се поставуваат на гласање на facebook.com/skopjecitymall. Најлајкуваните пораки ќе бидат и добитници на билетите. Според распоредот, кампањата започнува денес, а првото извлекување ќе се случи утре 9-ти јули четврток во 18 часот каде што ќе се извлекуваат добитниците на картите за Sea Dance Festival.
Второто извлекување е на 11-ти јули во сабота исто така во 18 часот, каде што 5-мина најсреќни ќе добијат по 2 влезници за D Festival. Третото извлекување е закажано за во петок, 17-ти јули, каде што дури 20-мина ќе добијат по 2 влезници за Green Beach Festival. Четвртото и последно извлекување е на 25-ти јули, сабота, во 18 часот и 7-мина најсреќни ќе добијат по две карти за Охридско Лето. Важно да се напомене е дека пријавувањето и приложувањето сметките е на инфопултовите во Скопје Сити Мол.
Подготви: Редакција Музика24