“Skopje Calling” со нов датум – 12-ти септември (Фото)

Како што веќе знаете, познатиот и веќе традиционален музички фестивал “Skopje Calling” требаше да се оддржи кон почетокот на месец јуни. Но поради сета оваа вонредна ситуација и состојба на глобално ниво со коронавирусот, за жал, нашите соработници и една од најдобрите продуцентски куќи во Македонија – Авалон продукција, не известува дека истиот е презакажан за 12-ти септември кога веруваме и искрено сите се надеваме дека ова лудило ќе престане и дека сите ќе се вратиме на нормалниот живот, а со самото тоа се ќе биде во најдобар ред.

Во продолжение, ви го пренесуваме известувањето кое го добивме од Авалонци се со цел навремено да ве известиме за новиот датум на музичкиот фестивал “Skopje Calling”.

“Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, сакаме да ве информираме дека поради актуелната состојба со коронавирусот, одлучивме да не ризикуваме и да не чекаме развој на состојбата, туку да го презакажеме фестивалот “Skopje Calling” за 12-ти септември (наместо на 05-ти јуни) на истата локација, стадионот на АРМ.

Vini Vici, Mahmut Orhan, Kiril Djajkovski и Cyrillic, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје.

Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот. Сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот “Skopje Calling”, истите ќе им бидат важечки и за новиот датум.

Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето во Македонија!”, велат во известувањето од Авалон продукција.

Повеќе на Музика24...