Во прв ред

Слаткаристика и 2Бона ќе одржат концерт во Битола

Еден од најпознатите рапери на македонската сцена – Слаткаристика и популарното рап дуо 2Бона ќе одржат заеднички концерт во Битола. Концертот е закажан за 23-ти јули на Ракометното игралиште, кое изминативе 2 години е епицентар на концертите во Битола и регионот.

Вратите на Ракометно ќе бидат отворени во 20.30 часот а веќе во 21.30 часот започнува забавата. Влезниците се достапни во Тобако Димпо на познатите битолски локации: Нов пазар, Грозд и Ленски мост.

Можеби ќе ве интересира: