Славенички концерт на “Електрични оргазам” во Скопје

Бидејќи без оргазам сепак нема ништо, Авалон Продукција со задоволство ви најавува:

Легендарните “Електрични Оргазам” во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот, ќе имаат свој концерт и во Скопје на 26-ти март, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар. Еден од најкултните, најавангардните и најдобрите југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи “Електрични Оргазам” за музиката.

Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба во вторник (11.02.2020 година) во 09 часот наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн. Организаторот напоменува дека ќе се одржи само еден концерт. Време е да игра рокенрол цела Македонија!

Повеќе на Музика24...