Во прв ред

Следниот викенд во Македонија бура од музички настапи

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузивно дознава и Ве информира дека следниот викенд во Македонија ќе има бура од луди, незаборавни и откачени музички настани, односно, настапи на Вашите омилени изведувачи од екс-ју просторите. Досега се докажа дека тоа е така, а сега само ќе го потврдиме она што ќе се случува следниот викенд.

Познатата српска рок група “Дивје Јагоде” следниот викенд доаѓа во Македонија, односно, 11-ти јули петок тие ќе настапат во Кичево, додека следниот ден сабота, нивните фанови од Кочани ќе имаат ретка привилегија да се дружат со нив и со нивните веќе добро познати хитови. Меѓудругото, тие воедно пред македонската публика ќе ги претстават новите песни од нивниот најнов албум “Биодинамичка љубав”. Освен оваа на сите нам позната рок група, следниот викенд свој настап ќе има и Џенан Лончаревиќ кој пак впеток на 11-ти јули свој настап ќе има во Охрид во добро познатата дискотека Кадмо.

Ексклузивно Ве информираме дека наскоро свои настапи во Македонија ќе има и познатиот Саша Ковачевиќ, кој по неодамнешните настапи во Прилеп и Гевгелија направи вистински бум каде се бараше карта повеќе. Музика24 е единствен музички медиум кој медиумски ќе ги подржи веќе споменатите настапи.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: