Во прв ред

Следува историски музички викенд во Скопје

Дека времето лета знаеме сите одамна, а дека музиката и концертите се можеби единствениот лек за менталното здравје на сите оваа година, се уверуваме секојдневно.

Овој викенд на стадионот на АРМ во Скопје, финалето за оваа концертна сезона ќе биде една тривечерна грандиозна прослава на животот – три славенички музички настани чија цел е да соберат повеќе генерации, и истите да ги потсетат на духовната моќ на една исполнета музичка вечер под ѕвездите.

Последниот концертен викенд го почнуваме со јубилејниот концерт на “Електрични Оргазам” во петок на 11-ти септември, по повод 40 годишнината од постоењето на бендот. Во сабота, на 12-ти септември продолжуваме со петтото издание на фестивалот “Skopje Calling” на кој ќе настапи најдоброто од македонската музичка сцена: “Last Expedition” , “Фолтин”, “Funk Shui” и “Pluto’s Doubts”. Како спектакуларна завршница на оваа концертна сезона е настапот на култните “Бајага и Инструктори” во недела на 13-ти септември- два и пол часовно музичко уживање со нивните хитови, овој пат во комплетно нови аранжмани, хор и оркестар, за заедно да ја прославиме 35 годишнината од постоењето на овој култен бенд со чија музика растеа многу генерации.

Билетите во ограничен број се сѐ уште во продажба онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Се разбира, и овие настани ќе бидат реализирани според сите протоколи за заштита од Ковид-19, а носењето заштитни маски ќе биде задолжително. Од среда, билети ќе се продаваат и на Градскиот плоштад во Скопје.

Можеби ќе ве интересира: