Во прв ред

Слушачки агол и промоција на винили во офф програмата на „Браќа Манаки“

На денешната прес конференција на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ која се одржа во Офицерскиот дом во Битола беа презентирани детали за годинешната програма на Фестивалот, но и офф програмата.
„Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки. 44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости, 65 филмови и 37 ноќни забави, а годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости, тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат, имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат во врвни режисери“, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Директорот информираше дека има македонски филмови за отворање и затворање на Фестивалот, а ги претстави и останатите програми од кратката селекција, документарните филмови, студентските филмови, како и филмовите кои публиката ќе може да ги погледне на отворено од своите автомобили.

Годинава, КЦ Магаза се претвора во основна точка за комуникација помеѓу битолчани и Фестивалот „Браќа Манаки“. Содржините на офф-програмата почнуваат еден ден порано од официјалното отворање на Фестивалот со Филмско кабаре, а нив ги претстави Маја Ангеловска која е координатор на програмата.
Под мотото „На Кино, па Олабај со Манаки офф“ ќе може да се проследат: филмска работилница со режисерката Марија Џиџева, разговор со Румена Бужаровска, Aудио презентација на музика за филм во слушачки агол, изложба на фотографии од „Крај Вардарот сесии“, Филмско кабаре, Друштвени игри од Гоблин, фото изложба „Со Љубов од Битола“, Проекција на документарниот филм „Манаки“ во продукција на ОХО, Феминистичко Stand up попладне со Софија Ристевска Петрушева и Никола Пројчевски, Премиерна аудио презентација на новиот винил „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура “, Промоција на плочите „THE BACK OF BEYOND“ на Кокан Димушевски и „ГРИЖА НА СОВЕСТА“ на бендот „Паркети“ и многу други.

Можеби ќе ве интересира: