Во прв ред

Со Фолтин во “Хавана” за денот на вљубените

По успешната промоција на албумот “Антитело” која што ја имаа на 21-ви декември минатата година (денот наречен “крај на светот”), групата Фолтин повторно изненадува, се разбира позитивно, а овој пат за денот на вљубените 14-ти фебруари.

Иако, реално некои од вас ќе го слават денот на виното или Свети Трифун, сепак тој ден во клубот “Хавана” култниот состав со годост ве поканува на својот концерт.

Со 5 издадени албуми зад себе и по речиси 5 годишна пауза од снимање на нов материјал, тие повторно се враќаат на македонска музичка сцена, можеби малку агресивно, нападно, но сепак, самоуверено и храбро, сакајќи да се наметнат и да надокнадат за се она пропуштено досега.

Освен новите песни, на повеќе часовниот концерт тие само ќе ја потсетат публиката на сите оние хитови и познати песни кои секогаш кога ќе ги слушнеме на радио си велиме: “Да, тоа е Фолтин”. Картите за овој музички настан, концерт ќе бидат пуштени од 1-ви фебруари и истите ќе бидат во ограничен број по претпродажна цена од 200 денари.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: