Македонската радио телевизија по повод својот голем јубилеј – 70 години Македонско радио и 50 години Македонска телевизија, ќе организира спактакуларен концерт на кој ќе се испеат песни на јазиците на сите националности што живеат во нашата земја. На концертот, кој ќе се одржи на 28-ми декември во Македонскиот народен театар, според најавите од МРТВ ќе учествуваат најреноминираните имиња на македонската музичка сцена. Тие ќе изведат познати хитови отпеани на македонски, албански, српски, бошњачки, ромски, влашки и турски јазик, песни што претставуваат дел од безвременската музичка колективна меморија на македонските граѓани.
Пејачката елита ќе ја сочинуваат: Каролина Гочева, Виолета Томовска и Наум Петревски, Есма Реџепова, Тамара Тодевска, Сузана Спасовска, Гиш, Влатко Лозановски, Зуица Лазова, Ѓоко Таневски, Александар тарабунов, Мишко Крстевски, Миле Кузмановски, Ален Хасановиќ, Перо Цаца, Каан, Миранда Хашари… а сите нив ќе ги придружува Биг Бендот и Големиот народен оркестар на МРТВ.
“Концертот ќе се пренесува на сите фрекфенции на Македонската радио телевизија. Со овој потег ќе го споделиме овој значаен момент и јубилеј со тие за кои и постоиме – нашите слушатели и гледачи во Македонија, но и далеку од неа, во Европските и прекуокеанските земји”, изјави Диме Ратајкоски, одговорен уредник на првиот сервис на МТВ.
Наскоро специјализираниот македонски музички портал Музика24 ќе ве информира за подготовките и се она што е поврзано со прослатата на големиот јубилеј на МРТВ, односно, за спектакуларниот концерт.
Подготви: Редакција Музика24