Во прв ред

Со концерт на „Архангел“ отворено 22-то издание на „Таксират“ (ФОТО + ВИДЕО)

Култниот македонски рок состав „Архангел“ вчера вечер одржа концерт на отворањето на 22-то издание на познатиот фестивал „Таксират“. Ова беше прв голем концерт во затворен простор после дозволата од властите за јавни настани во затворени простории. Но можеби и прв рок концерт во ваква атмосфера, во која публиката дисциплинирано беше сместена на столчиња прописно одалечени едно од друго. За почитување на протоклите неколку пати во текот на концертот повика и самиот фронтмен Вртев:

-„ Да ги почитуваме протоколите од организаторот за да не им дадеме храна на “злите гласови“, бидејќи тука сме за уметноста, а уметноста не се јаде во чинија, но ни ги храни срцата“.

https://www.facebook.com/TaksiratFestival/videos/335927614357625/

 

Ристо Вртев и „Архангел“ приредија одлична атмосфера со македонските рок хитови од нивната три децениска кариера. „Архангел“ за публиката која поради протоколите и вториот бран беше во помал број од вообичаеното, го изведе најдобро од четирите албуми. Со песните на „Архангел“ растеше една генерација во 90-тите но и оние родени деценија и повеќе од основањето на „Архангел“ беа во голем број во публиката. Која под маски но без играње ги пееше познатите „Милион долари“, „Убер македонише“, „Луна“, „Сениште“, „Рубин Кармин“ итн.

Единствениот член од првата постава, вокалот Ристо Вртев, го придружуваа Емин Џијан (пијано), Предраг Икономовски (гитара), Гоце Стевковски (тапани), неговиот долгогодишен соработник Дарко Мучев на бас и но за прв пат се на сцената се придружија  Сашо Николовски, Кирил Кузмановски и Трајче Велков на дувачки инструменти.

Овој концерт на „Архангел“ насловен како „30 години љубов“ е првиот од низата концерти и настани на 22-то издание на „Таксират“. Следниот концерт е повторно на државен празник односно на 23-ти октомври кога свој концерт во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одржи Страјк. Шест дена подоцна на истата локација доаѓаат авангардните словенци „Лајбах“.

Подготви: Филип Етмишовски
Фото: Соња Ставрова

Можеби ќе ве интересира: