Со концерт на Џамбо Агушев заврши Фестивалот на музика од светот (Фото)

Големата сала на Центар за култура – Битола вчера вечер како и вообичаено беше полна до последната место. Беше полна во текот на целиот Фестивал на музика од светот. Џамбо Агушев и оркестарот приредија концерт за паметење.

Репертоарот од изворни народни песни,  но и поп и џез, изведен на дувачки инструменти ја стана публиката на нозе. Џамбо Агушев при крајот на концертот слезе и свирејќи прошета помеѓу публиката која го поздрави со голем аплауз.

Гостин на Агушеви на концертот беше кларинетистот Благојче Трајковски. После час и половина концерт, публиката го врати Џамбо на бис. Тој за крај ја засвире “Битола, мој роден крај”.

Повеќе на Музика24...