Во прв ред

Со концерт на Крсте Роџевски се најавува богата есен во Центарот за култура – Битола

Следува есен исполнета со многу културни настани во Битола. Центарот за култура – Битола денеска ги најави првите настани кои започнуваат во септември а богата програма од својата програма и надворешна продукција следува и во октомври и ноември.

На 7-ми септември во Народниот театар – Битола подготвуваме концерт на битолчанецот Крсте Роџевски. Една прекрасна интимна вечер со која симболично ги започнуваме нашите есенски активности во Центарот за култура. Веднаш после Крсте на 14-ти септември Камерниот оркестар на Битола подготувува концерт посветен на MTV 80s and 90s кој ќе не потсети на најголемите хитови на 80-тите и 90-те години. Од 23-ти до 29-ти септември пак ги отвораме ширум нашите врати за фестивалот „Браќа Манаки“ кој својата главна програма ќе ја има во главната сала на Центарот за култура. Веќе со завршувањето на „Браќа Манаки“ се подготувавме за уште еден интернационален фестивал, фестивалот на класична музика „Интерфест“ кој оваа година на 11-ти октомври подготвува голем концерт кој верувам ќе биде многу атрактивен за битолската публика затоа што ни доаѓа една многу интересна светска атракција. – изјави маја андоновска – илијевски, директор на центарот за култура.

Октомври и ноември исто така ќе бидат прилично активни месеци. Во ноември покрај Фестивалот на музика од светот на кој настапуваат „Лајбах“, следуваат Недела на јапонски филм како и изложбите на Драган Најденовски и Димитар Кочевски – Мичо

Можеби ќе ве интересира: