Вчера вечер во Центарот за култура – Битола се одржа заедничкиот концерт на познатите битолски естрадни уметници Сефедин Бајрамов и Биљана Дамјановска – Јанчевска. Нивна придружба беше Камерниот оркестар на Битола кој со оркестарски аранжмани ги изведе нивните најпознатите нумери. Со концертот се одбележаа неколку јубилеји од нивни значајни фестивалски учества но и од почетоците на нивната кариера во ноември и декември 1972 година.
Концертот започна со нивнитот нов дует „Родителска љубов“, посветен на нивните родители кои веќе не се меѓу нас. А по него се нижеа и по 8 нивни песни поделени во блокови од различни фестивали и периоди на нивните кариери. „Охридски спомени“, „Прстен за неа“, „Марта“, „Добриот стар блуз“, „Патека со убави мисли“ беа дел од забавните и староградски мелодии, серенади од нивниот богат репертоар кои синоќа ги исполнија Сефедин и Биљана. Не беше заборавена и нивната современичка и блиска пријателка, Сашка Петковска. Во чија чест, Биљана ја отпеаа незаборавната „Чао адио“.
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски