Скопската публика конечно ќе ја има таа привилегија и чест охридско-штипската група “Само Тони и две жени” конечно да ги слушне во живо. Откако преработија и снимија мноштво ковери и откако сите добро ги запознавме по истите веќе објавени на музичкиот интернет канал You Tube, тие станаа голем вистински хит кај младите.
Овој петок конечно пред скопската публика “Само Тони и две жени” ќе имате ретка можност во живо да ги слушнете и да поминете убава и незаборавна вечер.
Подготви: Редакција Музика24