Во прв ред

Стартува “Cover fest” во Прилеп (Видео)

Се ближи 6-ти ноември, денот кога во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи второто издание на младинскиот музички фестивал “Cover fest 2015”. Оваа година 16 млади момци и девојки на возраст од 14 до 21 година ќе изведат по една песна на матрица по свој избор. За најдобрите ќе одлучуваат стручна жири комисија и присутната публика во салата.

https://vimeo.com/144367472

Двете главни награди, за двајцата првопласирани, е комплетна авторка песна (музика, текст и аранжман), со нејзино снимање во прилепското професионално “R music studio” и реализирање на видео клип од страна на Фан продукција, една од најактивните видео продукции во регионот кои воедно се и организатори на фестивалот од оваа година. Второ и третопласираните, по двајца од жири и публика, добиваат снимање на кавер и видео спот за него.

Теодора Зероска која доби авторска песна на минатогодишното прво издание на “Cover fest”, зеде учество на реномираниот музички фестивал “Макфест 2015”. Нејзината песна “После се”, дело на уметничкиот директор на “Cover fest” Душко Темелкоски и музичкиот продуцент на фестивалот Рубин Димкоски, може да се слушне на следниот линк: Теодора Зероска – “После се”.

Доколку живеете во Прилеп или околните места и градови, а сте љубител на музичките случувања, сакате одлично помината вечер и добра забава, Ви препорачуваме на 6-ти ноември (петок) да бидете дел од второто издание на “Cover fest”, фестивал за кој допрва ќе се зборува, пишува и слуша.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: