Стево Карапанџа: Го обожавам тавче-гравчето и целата македонска кујна

На претстојниот Меѓународен мега-настан “ГастроМак 2019” кој што ќе се одржи во Охрид (од 10-ти до 14-ти октомври, за кој се акредитирани над 30-на домашни и странски новинари, меѓу кои и екипа на музичкиот портал Музика24) ќе ја имаме ексклузивната можност да ја видиме екс-Југословенската готвачка ѕвезда, пионер од областа на гастрономијата, Стево Карапанџа, кој ќе биде Претседател на импресивното судско жири. Тој искрено вели дека за ништо на светот не би го пропуштил овој настан во прекрасниот Охрид и не само поради новите сили во гастрономијата, туку и поради одличната дружба со домаќините. За него Македонците се особено познати по дружењето, впрочем како и домаќинката на настанот Адријана Алачки, како и многу повеќе познати се со голем број вкусни јадења. Па, сепак, од сите тие јадења, Карпанџа како да е вљубен во светски познатото македонско јадење тавче-гравче.

“Го обожавам тавче-гравчето, додека целата ваша македонска кујна е толку раскошна, а толку едноставна”, вели Стево и додава:

“Иако сум по потекло од местото Ловран од Јадран, мојата најслаба страна е сепак, логично италијанската кујна. Неа секогаш и се враќам, можеби затоа што и најмалото гратче во Италија има свој автентичен рецепт, свои тестенини, нешто свое… Другата работа што ја препорачувам е користењето на автохтони намирници, она што е локално и најдобро токму на тоа тло, како што впрочем е македонското…”, вели Карапанџа.

Повеќе на Музика24...