Стинг подготвен за концертот на Градски

Од Авалон продукција соопштија: “Се е подготвено за вечерашниот коцнерт на Стинг на Градскиот стадион во Скопје”. Стинг веќе е пристигнат во земјава и се прават завршните подготовки.

“Неговата екипа работи на монтирање на бинската опрема на импресивнaта бина. Се очекува на концертот да присуствуваат повеќе од 25.000 посетители од целиот регион”, информираат од Авалон. Вратите ќе бидат отворени во 19 часот, настапот на Влатко Стефановски трио почнува во 20:30 часот, а Стинг ќе излезе на сцената во 22 часот.

Од Авалон порачуваат вечерва сите да бидат Англичани, бидејќи прогнозите се дека не очекува дожд во текот на попладневните и вечерните часови.

“Ве молиме сите подготвени да го дочекаме дождот и доколку дојде, да го прифатиме како неминовен дел од овој вечерашен спектакл”, порачуваат од Авалон.

Повеќе на Музика24...