Sting во Скопје на 02ри јуни 2019та, влезниците во ограничен број (Фото)

Втората половина на декември е време кога почнуваат новогодишните честитки. Авалон продукција наместо класична новогодишна честитка со која ќе Ви посака на сите што е можно поубави денови во 2019 година, се потруди директно да Ви овозможи еден убав и посебно специјален ден.

По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во Вип Арената на 15.10.2017 (во рамки на “57th & 9th” турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, “Филип Втори”. Стадионот “Филип Втори” за прв пат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting.

Во рамките на турнејата “My songs” која во суштина претставува best off tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата. “Englishman in New York”, “Fields of gold”, “Shape of my heart”, „Every breath you take”, “Roxanne”, “Message in a bottle”… се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од денес 19ти декември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон, Југотон и онлајн преку avalon.mk по следниве цени и категории: од 1.500 денари за партер, пред бината за 3000 денари, сребрени седишта по 2000 денари, златни влезници – по цена од 3000 денари и ВИП влезници за 5000 денари.

Иако звучи неверојатно, сепак е вистинито, Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А листа на изведувачи: Sting, Lenny Kravitz и Eros Ramazzotti.

Повеќе на Музика24...