Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, во организација на ноќниот клуб “Платиниум”, во идниот период, поточно во текот на месец јули, Струмица ќе биде домаќин на мега популарната фолк пејачка од Србија Светлана Цеца Ражњатовиќ и познатиот и посакуван поп пејач Саша Ковачевиќ.
Како што велат организаторите за нашиот музички портал, на 2-ри јули голем концерт во спортската сала “Парк” ќе одржи миленикот на младите во Македонија Саша Ковачевиќ. Сите негови старо-нови хитови присутните во публиката ќе имаат ретка привилегија заедно со него да ги отпеат во еден здив.
Додека пак, балканската фолк дива Цеца, свој голем концерт ќе одржи на 28-ми јули на отворениот стадион “Кукуш” во селото Турново каде со публиката ќе заедно ќе ги пеат веќе добро познатите хитови. Пред настапот на ѕвездите на вечерта, како предгрупа или изведувач на концертите на сцената ќе се појават познати музички имиња од градот Струмица. Доколку сакате незаборавна вечер и одлична забава, а сте дел од градот Струмица или околината, Ви препорачуваме нека тоа биде една Ваша убаво помината летна јулска ноќ.
Подготви: Марија Поповска