Во прв ред

Супер моќните „Placebo“ сепак доаѓаат во Македонија

После откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година (од причини за кои веќе е тажно да се зборува), која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон продукција го одржа ветувањето и го потврди доаѓањето на еден од најголемите, највозбудливи и сигурно најконстантни по својот квалитет рокенрол бендови во овој век, „Placebo“, на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.
“Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава на новиот албум, добивме дозвола да го објавиме и овој голем евент. Со објавата за овој концерт, започнува серијата на објави на големи светски имиња за Македонија и регионот за 2022 година! Се спрема ѓаволски добра година!”, порачуваат од Авалон продукција.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15-ти октомври во 9 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk. Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите со новиот датум доколку тоа не го сакаат бидејќи сепак ќе им бидат важечки.

Можеби ќе ве интересира: