Во прв ред

Суперхикс за Нова година во Прилеп

Денот 31-ви декември е ден кога се прославува, се испраќа старата, а се пречекува Новата година. Градот Прилеп и оваа година за подготвува за пречекот на Новата 2013-та година. Тие оваа година најавуваат одлична детска музичка и забавна програма, како денски за најмладите, така и вечерта за прославувањето на најлудата ноќ. Тие можеби се први и единствени што дури сега ја имаат целосната програма за она што токму на 31.12 прилепчани ќе можат да го видат на градскиот плоштад.

Во продолжение ви ја претставуваме програмата за дочекот на Новата 2013-та и што се ќе се случува тој ден на градскиот плоштад:

Прилеп на плоштад – Денска програма

  • 10.30ч “Дедо Мраз со изгубените подароци” претстава за деца со Раскажувачот на приказни Чичко Цик и песнички за деца од “Сребрен ѕвон”
  • 11.00ч Давид Нешкоски Трио
  • 12.00ч DNK
  • 13.00ч The Hounds

Прилеп на плоштад – Ноќна програма

  • 22.00ч Белинда
  • 24.00ч Суперхикс

Водител на програмата ќе биде Игор Трпче. Доколку ви се допадна нешто од програмата, а патот ве води накај Прилеп, појдете и убо поминете си ја вечерта, испраќањето и пречекот на старо-новата година.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: