Светски познатиот диџеј Пол Ван Дајк на “Back2School Week”

Како што не информираат од Општина Аеродром, од 24-ти до 31-ви август на повеќе локации низ општината ќе се оддржи големиот урбан настан “Back2School Week”. Девет вечери, со добра музика и забава за сите генерации, низ парковите во Аеродром ќе се испрати летото, и едноставно ќе си посакаме среќен и успешен почеток на уште една нова учебна година.

Урбаната забава почнува на 24-ти август со настапи на ДНК и диџеј во паркот “Јане Сандански”. А веднаш потоа следува:

-на 25-ти август на детската улица “Тоше Проески” со театарската претстава за деца “Зеленковци” и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5;
-на 26-ти август во Паркот на езерата ќе уживаме во музиката на “Брејкдаун бенд” со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ;
-на 27-ми август во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена;
-на 28-ми август во истиот парк ќе се танцува во ритамот на “Саутпарк” и диџеј Мартин од Радио Антена 5;
-истата локација ќе биде место за луда забава и на 29-ти август кога ќе настапат “Кума енд д бенд” и диџеј Баже од Антена 5;
-и на 30-ти август ќе ги видиме и слушнеме “Теа енд д бенд” и неповторливиот Драган Б. Костиќ.

Сите настапи почнуваат во 20:30 часот.

Епицентарот на забавата ќе се случи на 31-ви август со почеток од 19 часот, во паркот “Авионче”, а истата вечер ќе настапи и светски познатиот диџеј Пол ван Дајк каде се очекуваат илјадници посетители од земјава и регионот.

“Back2School Week” ќе биде заокружено со фамилијарно дружење и “барбикју” ден на 1-ви септември во паркот “Бановина” со почеток во 18 часот, а тогаш публиката ќе ги забавува Огнен Здравковски со неговиот богат музички репертоар од македонски и незаборавни поп-рок и екс ју хитови. Од Општина Аеродром велат: “Подгответе се за уникатна забава. Ве очекуваме со позитивна енергија и многу насмевки. Создаваме моменти за паметење!”.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.