Во прв ред

Тамара и Каролина викендов во Дојран

Тамара Тодевска и Kаролина Гочева викендов ќе одржат концерти во рамките на манифестацијата “Дојранско културно лето”. Со настап на плоштадот “Под јаворите” во Стар Дојран утревечер почнува промотивната турнеја на Тамара, која неодамна го пушти во продажба албумот “Еден ден”. Гочева на програмата е в недела, а шоуто е закажано на ракометното игралиште.

Ексклузивката на “Авалон” пред тамошната публика ќе го претстави популарниот етнопроект “Македонско девојче 2”. И двата концерта почнуваат во 21 часот, а богатиот музички викенд вечерва ќе биде најавен со настап на популарниот фолк-состав “Академци”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: