Македонската џез-група Tavitjan Brothers во четвртокот објави дека ќе одржи концерт во 2016-та година во најголемиот концертен комплекс во источна Европа “Карен Демирџиан” во рамките на престижниот “Јереван Џез фестивал”, а во организација на продукцијата Мецо.
“Особена чест е што повторно имаме можност да го запишеме името Македонија и во оваа престижна локација”, наведе Гаро Тавитјан на својот фејсбук профил.
“На фестивалот оваа година атракција е светскиот басист Ричард Бона (Pat Metheny, George Benson) како и елитата на Ерменската Џез сцена. Оваа локација влегува во листата на нашите концерти меѓу кои: Карнеги Хол и Блу ноут (Њу Јорк), Лондон, Рим, Париз, Германија, Швајцарија, Романија, Холандија, Шведска, Грција, Албанија, Сава центар (Белград), Сала Бугарија (Софија), Арам Хачатуриан (Ерменија), Цанкарјев дом (Словенија), Хрватска, EXIT (Нови Сад) и многу други”, додава Гаро на својот фејсбук профил.
Подготви: Редакција Музика24